Кавадарчани 11 дена се гушат со ПМ10
Единаесет дена во континуитет, кавадарчани дишат загаден воздух покажуваат резултатите од мерната станица на министерството за животна средина и просторно планирање.
И денеска претпладне честичките во воздухот со големина помала од 10 микрометри, кои се лесни за вдишување беа над максимално дозволените граници од 50 микрограми на метар кубен. Мерењата покажуваа 247 микрограми, а над 400 микрограми беа измерени во изминатите денови.
Надлежните апелираат најранливата популација, деца, стари лица, хронично болни да имаат ограничени движења и активности на отворен простор.
Лекарите се децидни, дека загадениот воздух им задава најголеми проблеми на најмладите. Зголемен е бројот на респираторни инфекции, алергии и астма. Се поеќе деца од Кавадарци се праќаат на лекување во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“.
Oфицијално никој не ги коментира податоците кои излегуваат од мерната станица за загадениот воздух./A.Д