Топлото време го „кутна“ грипот во Кавадарци
Објавено на 22 февруари, 2017 во 16:05
И минатата недела се евидентирани само 17 нови случаи на грип во Центарот за јавно здравје, исто како и претходната недела. Лекарите објаснуваат дека интензитетот е значително ослабнат.
„Топлото време не е во прилог на ширењето на грипот. Нема зголемување на бројот на нови заболени. Тоа го покажува и податокот дека и минатата недела исто како и претходната се евидентирани 17 грипозни лица.„ Рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Оваа сезона на грип која започна порано од вообичаено „кутна„ близу 3000 лица.
Д-р Јовановски информира дека се намалува и ширењето на варичелата./А.Д