Тројца повредени во превртен камион кај село Фариш
Три лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа што денес се случила на патот Росоман – Прилеп. Според информациите од полицијата, камион излетал од патот најверојатно поради влажниот коловоз во близина на селото Фариш.
Двајца од повредените со возило на итна медицинска помош се пренесени во кавадаречката болница каде им е укажана лекарска помош, додека еден од повредените е транспортиран во болницата во Прилеп.
„Интервенираа две медицински екипи. На местото на сообрќајката излезе екипа на брза помош Кавадарци и на брза помош Прилеп. Од повредените што беа транспортирани во кавадаречката болница еден е со потешки, а еден со полесни повреди“ инфомираше началникот на итната медицинска помош во Кавадарци, д-р Антоан Паракеов.
Чести се сообраќајните несреќи на овој патен правец. Возачите велат дека патот е со помала безбедност, а особено отежнат е сообраќајот при врнежливо време и е потребно поголемо внимание и прилагодена брзина./А.Д
фото: Архива