Минов: „И ако се отвори стечај Повардарие ќе може да ги исплати лозарите“
„Лозарите не треба да стравуваат за своите пари од винаријата Повардарие и доколку започне стечај, бидејќи од стечајната маса ќе има доволно пари да се исплати долгот кон лозарите“ рече на прес конференција пратеникот од Кавадарци, Панчо Минов.
Тој информираше за сите активности што ги преземал како пратеник во помошта кон земјоделците.
„Најдоследно ќе се залагам по одлуката за стечај за „Повардарие“ државата да ги превземе гаранциите дека лозарите ќе бидат исплатени за предаденото грозје. Стечајната маса од околу 8 милиони евра го гарантира ова што го зборам“ рече Минов и нагласи дека визбата имала долг кон производителите на грозје од околу 3,5 милиони евра за минатогодишната и за реколтата од 2015 година, а стечајната маса била околу 8 милиони евра.
Минов нагласи дека со пратениците од Тиквешијата ќе иницирале измени на законот за вино, доколку до крајот на април визбите не им го плателе грозјето на лозарите, државата да ги преземе долговите, како би им се гарантирала исплата на родот на лозарите.
„Пречка за неисплаќањето на субвенциите е изборниот законик. Моите информации се дека има пари за да се исплатат субвенциите и дека се прават напори во таа насока“ нагласи Минов./А.Д