Опожарен покрив на семејна куќа во Кавадарци
Пожар избувна денеска на пладне во семејна куќа на ул. „Задругарска“ во Кавадарци. Пламените јазици направиле штета само на покривната конструкција, ни потврди командирот на против пожарната единица во Кавадарци, Илчо Богевски.
Петнаесетина минути додека траеше борбата со огнот на пожарникарите се издигаше густ чад.
„Веднаш по пријавата за пожар излеговме на терен. Интервениравме со две противпожарни возила и четворица пожарникари. Помош добивме со едно возило и двајца пожарникари од противпожарната екипа на „Кожувчанка“ рече Богевски и додаде дека со навремената интервенција не е дозволено пожарот да се прошири и во останатите делови од куќата.
Според првичните проценки направена е материјална штета, а причина за пожарот најверојатно е неправилно изведена електрична инсталација./А.Д