Се проверува техничката исправност на тракторите
Кавадаречката сообраќајна полиција и ова лето, спроведува превентивни акции за контрола на техничката исправност на тракторите со цел поголема безбедност во сообраќајот кога тие се активни во сообраќај.
Деновиве покрај техничката исправност се проверуваа и светлосно сигналните уреди кај тракторите и останатата земјоделска механизација. Како што објаснуваат од одделението за превенција при ПС Кавадарци, со ваквите акции се откриват сите неисправни трактори, се отстрануваат недостатоците и потоа истите се враќаат во сообраќај.
„За сите возачи беа поделени флуоресцентни елеци со логото на осигурителните компании и станиците за технички преглед кои ја поддржуваат ваквата превентивна кампања и им беше укажувано да ги регистрираат своите возила, истите да бидат технички исправни посебно во делот на светлосно сигналните уреди“ – информираше инспекторот за превенција Димитар Каракулев.
Сооглед на фактот дека сезоната за берба на грозјето е пред нас, контролите ќе бидат почести на терен. За оние кои и покрај предупредувањата во сообраќајот ќе бидат вклучени со било какви аномалии ќе следува и репресија. Исправноста на земјоделската механизација е клучна за безбедноста во сообраќајот, децидни се од кавадаречката полиција./A.Д