ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ се фали со наши проекти“
„Новата Влада на СДСМ нема ниту еден проект, па во очај се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ“ реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес конференција на претседатело на СДСМ, Зоран Ѓорѓиев, на која информираше дека владата отстапи државно земјиште на општина Кавадарци за изградба на затворен пазар.
Во писмената реакција се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ изградбата на новиот пазар ја вети на локалните избори со што по изборите одма се отпочнал процес со кој ветеното на изборите да се преточи во реален проект.
„Се собираа дозволи и се превземаа повеќе чекори за реализација на овој проект за се да биде на легален и на законски начин со што и при промена на власта, да нема начин како новата власт да ја сопре изградбата на новиот пазар и потоа да обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ нешто ветиле а не исполниле. По доаѓањето на власт на СДСМ, им остана на готов проект само да удрат потпис. Господата од СДСМ во Кавадарци немајќи со што да ја пофалат новата влада сакаат да ги манипулират граѓаните и изградбата на новиот пазар да си ја прикажат како нивна идеја и нивни проект.“ реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска со реакција се огласи и градоначалникот Александар Панов. Тој на прес конференција нагласи дека општината активно работела на проектот, а СДСМ само се фалеле пред граѓаните.
„На овој проект работиме повеќе од шест месеци.Пративме неколку ургенции до владата. Ова со кое се фалат од СДСМ е само едноставно решение со кое се отстапува земјиштето на овој простор. Нешто што е тековна и редовна работа на секоја влада и претходната влада го направила стотина пати, а не правела прес конференција. Она што се прави тука се прави со пари од буџетот на Кавадарци и за целосно да го завршиме овој проект ќе бидат потребни околу 10 милиони денари. Не држи тврдењето дека СДСМ направил нешто за Кавадарци“ рече Панов и апелираше до СДСМ да излобирале до централната власт обезбедување финансии за изградба на нова детска градинка, а тој јавно ќе им се заблагодарел дека нешто издејствувале за Кавадарци. /А.Д