Kавадаречките екологисти научија како се прави еколошка куќа
Kуќа од еколошки материјали градеа во градот Шабац кавадаречките екологисти во рамките на меѓународен проект во Србија. Тие се градат со природни материјали како слама, трска и кал за да го намалат органскиот отпад во природата. Штом се вратија во Кавадарци екологистите ги споделија стекнатите знаења. Претседателот на ,,Еко-живот”, Роберто Паризов вели дека ваквите проекти ќе треба да ја зголемат еколошката свест и во Македонија.
– Треба да се подготват некакви интерактивни методи на оваа тема посветени на животната средина, заштитата, обновливи извори на енергија, рециклирање и реупотреба на материјали, рече Паризов.
Еколошките куќи стануваат тренд во светот. Тие се многу атрактивни и треба да најдат свое место во нашата држава, советуваше архитетот Сузана Плачкова на одбележувањето на годишнината од постоењето на кавадаречкото еколошко друштво. Мислењето на архитектката го дели и активистот Владимир Маневски кој како претставник на ,,Еко-живот” учествуваше во изградба на еколошка куќа во Романија.
– Младите граѓани треба да се запознаат со ваквите проекти кои нудат редуцирање на материјалните добра потоа можноста за реупотреба и секако редуцирањето на општествените добра, рече Маневски.
Кавадаречките екологисти исто така се залагаат и за што поголема употреба на соларните колектори за топла вода бидејќи овозможуваат заштеда на финансиски сретства како и максимално користење на сончевата енергија. Екологистот Александар Тефов учествуваше токму на изведба на ваков проект во Хрватска. Тој ги сподели стекнатите знаења во делот на искористување на обновливи извори на енергија со присутните на еколошката роденденска дебата во Кавадарци.
Екологијата е главен двигател за зачувување и подобрување на човековата околина, како и за подигнување на јавната свест, се сложија присутните./Б.Н.Т