Легализирани се педесет отсто од дивоградбите во Кавадарци
Локалната власт деновиве ги соопшти бројките на поднесени и легализирани дивоградби на подрачјето на општина Кавадарци. Во првиот бран на поднесени граѓански документи за легализација на дивоизградени објекти, во 2011 година, Кавадарчани поднеле 7500 барања. Пет години подоцна ,во 2016 година, граѓаните поднеле нови 1.500 до 2000 барања,што значи дека вкупниот број на поднесени барања изнесува над девет илјади.
Според градоначалникот, Александар Панов само на бреговите на Тиквешко Езеро бројот на барања за легализација се движи од 2.200 до 2.500 дивоградби.
Иако, Кавадарци со околу 40 илјади жители има повеќе дивоградби за легализација во споредба со поголемите општини во државата сепак од општината велат дека активно работат на терен и ке ги решат сите поднесени барања од граѓаните. /Б.Н.Т