Кавадаречкиот совет поделен околу наградата „7 ми септември“
Велка Гавровска Лукиќ од здравството, Перо Бојков -архитект и естрадниот ументик Катерина Танева се годинашните добитници на највисокото општинско признание наградата 7 ми септември. Вака одлучи мнозинството во советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ на денешната шеесета седница на кавадаречкиот совет. Останатите советници не беа против предложените кандидати, туку против нарушената процедура за доделување на оваа награда.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во комисијата за празници и манифестации биле против предлогот на советникот Сашко Петров седмосептемвриска награда да се додели и на регионалната КТВ телевизија за придонесот кој во изминатите 27 години го дава во објективното информирање пред се во Кавадарци. По ваквата одлука на комисијата, започна седницата на советот. Откако беше соопшетен одбиениот предлог, награда да се додели и на КТВ, следуваше повторна пауза за да заседава комисијата, бидејќи истиот предлог го даде и градоначалникот Александар Панов. Тој го даде предлогот, како што рече, откако советникот Петров го прекршил договорот јавно да не се обелоденуваат имињата на кандидатите за седмосептемвриска награда.
Комисијата не го промени ставот и на седница се ставија на гласање тројцата кандидати кои се и официјални добитници на наградата. Градоначалникот Панов информира дека на објавениот конкурс од општината за доставување предлози за награда не стигнала ниту една кандидатура, па добитниците се предлози од советниците.
„Не сум против личностите, туку приотив начинот и процедурата на кои ја водите седницата. Мора во иднина да се промени нешто околу одлучувањето за наградата“ рече советникот Зоран Бањански. Голем дел од советниците сметаат дека на овој начин се девалвира највисокото општинско признание./A.Д