Митко Јанчев – кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци
Бетиане Китев актуелен пратеник во македонскиот парламент од СДСМ, Митко Јанчев,сопственик на компанијата „Кожувчанка“, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и независниот кандидат Борис Давидов се тројцата кандидати кои ќе учествуваат во трката за прв човек на Кавадарци.
Во Неготино за градоначалничката фотелја претендираат Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ и Тони Делков од СДСМ.
Актуелниот градоначалник на Росоман, Стојанче Лазов ја доби довербата од матичната партија ВМРО-ДПМНЕ за да се бори за трет мандат. Негов против кандидат е Бранко Јанев од СДСМ.
Во Градско во трката за градоначалник ќе учествуваат д-р Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ, актуелен градоначалник и независниот Глигур Коцев кој во три мандати ја водеше општината како градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. /А.Д