„Фени индустри“ пред стечај?
Деновиве низ кавадаречката чаршија главна тема е евентуалното затворање на комбинатот за производство на феро никел „Фени индустри“ во Кавадарци.
Со опасност да останат без работа се соочуваат над 830 лица директно вработени во комбинатот. Се прошири веста дека извршители направиле попишување на имот на компанијата и се забранува отуѓување или било какво располагање со попишаните предмети.
Од синоќа според информации од вработени во „Фени“ печката не е повеќе во функција на производство, туку само е на техничко одржување. Наводно, долговите на комапнијата за струја и за транспорт биле огромни.
Уште во текот на вчерашниот ден побаравме официјална информација од „Фени индустри“. Иако ни беше речено дека во текот на денот ќе ја добиеме, тоа не се случи. Во меѓувреме во отстуство на официјална информација од компанијата неизвесноста за вработените е се поголема./A.Д