Партијата на обединети пензионери даде подршка на кандидатот за градоначалник Бетиане Китев
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на СДСМ денеска имаше работна средба со лидерот на Партијата на обединети пензионери, генералот во пензија Илија Николовски и со пензионери, членови на Здружението на пензионери од Кавадарци.
Николовски ги повика кавадарчани на изборите на 15 октомври без размислување, да гласале за Бетиане Китев.
„Китев е еден од најдобрите пратеници во собранието. Секогаш има аргументирани и издржани дискусии. Кавадарци има еден од најдобрите кандидати за градоначалник, затоа треба да го подржат овој млад политичар. Сигурен сум дека со успех ќе ја води општината. Затоа му ја даваме целосната подршка“ рече Николовски.
Тој упати обвинување на адреса на претседателот на здружението на пензионери Кавадарци Ристо Анѓушев, кој е дел од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека Анѓушев спротивно на законот има склучено коалиционен договор со ВМРО-ДПМНЕ.
„Тој може да биде на сечија листа, но не како претседател на здружение на пензионери“ нагласи Николовски.
„ Тука сме да ги сумираме впечатоците што досега е правено и што треба да превземе идната локална самоуправа на релација пензионери локална самоуправа. Во нашата програма го имаме проектот за изградба на старечки дом“ рече кандидатот за градоначалник Бетиане Китев и се заблагодари за искажаната подршка./A.Д