Јанчев: Во недела да гласаме за поубаво Кавадарци
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика кавадарчани да гласаат за него и советничката листа на неговата партија. Обвини дека неговиот против кандидат и СДСМ воделе негативна кампања и искажале многу невистини за него.
„Во оваа изборна кампања влеговме со позитивна енергија. Со нашите проекти се трудевме да допреме до вас. Наидовме на позитивна атмосфера и насмевки кај вас, кои ни дадоа сила да продолжиме понатаму, За жал нашиот противкандидат и неговиот тим во многу наврати се обидоа да стават дамка на нашето работење. Се обидоа со лажни приказни и директни дејствувања преку државните институции да го запрат нашето работење. Останавме силни само поради вас граѓаните и вашит желби за поубаво Кавадарци. Сите нивни критики и напади се неиздржани исто како и нивната програма“ рече Јанчев и повика во недела масовно да се излезе на гласање и да се кажело стоп на кампањата која не нудела живот за сите.