(ВИДЕО и ФОТО) Вандали се нафрлија на семафори и влезната врата на Општина Кавадарци
Објавено на 14 октомври, 2017 во 00:00
Маж вечерва со камења оштети неколку семафори на централната улица во Кавадарци. Бесот на човекот успеале на мобилен телефон да го снимат случајни минувачи. Тој не запрел со мавањето по семафорите ниту кога граѓани вчудоневидено застанале и гледале што се случува на тротоарот на спротивната страна од улицата.
{vembed Y=qRtBC1PGyBc}
Вечерва исто така е искршено и стаклото на влезната врата на зградата на Општина Кавадарци. првичните информации се дека стаклото е скршено со камен.
Засега не е познат идентитетот на сторителот или сторителите на овие вандализми. /У.Ј
{vembed Y=UrAaMotu0pA}