СДСМ го потврди мнозинството во кавадаречкиот совет – Сакалиев во коалиција со СДСМ
Објавено на 25 октомври, 2017 во 09:39
Десет советници ќе брои советничката група на СДСМ во советот на општина Кавадарци.Денеска на прес конференција беше потврдена коалицијата помеѓу СДСМ и независниот советник Ристо Сакалиев.
Советникот на СДСМ Ташо Радњански јавно пред камери му понуди соработка на Сакалиев, а тој ја прифати.
„Понудата ја прифаќам. Друга понуда и немам. Црвена шарка ставија партнерите уште во кампањата. Добро е што една ваква понуда стигнува пред да заврши вториот круг. Тоа е еден чекор напред во демократијата“ рече меѓу другото Сакалиев.
Сега СДСМ има 10 советници, ВМРО-ДПМНЕ 8 и 1 советник на ГРОМ./A.Д