Јанчев: Јас и вие почитувани граѓани сме спасот за Кавадарци
Објавено на 25 октомври, 2017 во 13:04
По официјализирањето на коалицијата во кавадаречкиот совет помеѓу СДСМ и независниот советник Ристо Сакалиев, реагираше кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.
,,Повеќе од јасно е дека ова здружување е само за лични интереси. Мораме да ставиме крај на овие манипулации и гладни луѓе за власт. Ако дозволиме овој состав на Советот заедно со нивниот градоначалник да ја добие апсолутната власт во Кавадарци, ќе бидеме сведоци на уништување на нашиот град. Јас Митко Јанчев и вие почитувани граѓани сме единствениот спас за Кавадарци’’ – порача Јанчев./А.Д