ОБНОВЕНО: Се слави победатата на кандидатот за Градоначалник Јанчев на плоштадот во Кавадарци
Објавено на 29 октомври, 2017 во 21:21
На градскиот плоштад пред зградата на Општина Кавадарци се собраа поддржувачите и активистите на ВМРО ДПМНЕ за да ја прослават победата на својот кандидат за Градоначалник Митко Јанчев.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев е победник во вториот круг од локалните избори. Тој според податоците од ОИК Кавадарци, од сите обработени гласачки места освои 13.180 гласа и е нов градоначалник на Кавадарци.
Неговиот против кандидат Бетиане Китев во градоначалничката трка од вториот круг освои 11.538 гласа.
На шестите локални избори во Општина Кавадарци, според избирачкот список, беа евидентирани вкупно 32.671 граѓани со право на глас. Тие гласаа на 60 избирачки места./У.Ј
{vembed Y=n38mCP5rPfE}