Во Кавадарци пријавени кражби на ајвар и грозје
Објавено на 6 ноември, 2017 во 10:01
И ајварот е мета на крадците. Деновиве во кавадаречката полиција било пријавено дека од подрум биле украдени триесет тегли ајвар.
Ваквата информација ја потврдуваат од полицијата и информираат дека имало пријави и за дваесет кражби на гројзе. Во најголем број од пријавените случаи грозјето било украдено откако сопствениците на лозовиот насад завршиле со бербата и го оставиле во лозјето додека да обезбедат транспорт.
Во полицијата стигнале пријави и за три кражби на пиперки и две пријави за оштетен насад од домашни животни./A.Д