Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Вработените во Фени и денеска протестираа. Два часа, во периодот од 10 до 12 часот го блокираа патниот правец Градско- Прилеп. Тие се револтирани поради барањето на банките комбинатот да оди во стечај.

Додека работниците беа на блокадите, нивни претставници во Скопје имаа состанок со вицепремиерот Кочо Анѓушев и банките доверители.

Вработените се децидни, бараат да нема стечај и да имаат статус на вработени се до продажбата на компанијата.

Имаме сега екипа во Скопје на преговарање со вицепремиерот и банките. Ако има нешто позитивно ќе се реши ситуацијата, ако не утре пак си продолжуваме со штрајкови. Сега нас ни е најбитно, оти цената е 13 илјади долари за тон никел а ние не работиме, сме на улицата. Бараме вицепремиерот да превземе повеќе обврски за ние да не останиме на улица, нагласи Димчо Убавков, член на извршниот одбор на синдикалната организација.

Кај вработените постои сомнеж дека во позадина на целиот проблем има политички игри околу иднината на комбинатот.

Како што и беше најавено, блокадата беше отстранета во 12 часот, а следните чекори зависат од исходот на денешните преговори./A.Д

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново