Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Се конституира новиот состав на советот на општина Кавадарци, а беше избран и претседател на советот. Конститутивната седница ја отвори претседателката на претходниот состав на советот Горица Пеливнова-Вилхелм, а потоа со претседавање продолжи Мирјана Гркова како највозрасна меѓу советниците.

По изборот на верификациона комисија за чиј претседател беше избрана Василка Дрварова од СДСМ,  беа утврдени мандатите на новоизбраните советници, по што тие ја дадоа свечената изјава,  дека ќе работат во согласност со уставот и законите.

Д-р Виолета Димитрова од СДСМ е избрана за претседател на мандатната комисија.

По подолги консултации за претседател на советот беа предложени Ристо Сакалиев од советничката група на СДСМ, а Горица Пеливанова-Вилхелм од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на советот се избираше со две гласања бидејќи по првото гласање Сакалиев и Пеливанова-Вилхелм имаа ист број на гласови, односно резултатот од гласањето беше 9:9.

Додека се подготвуваа советниците за второто гласање советничката Божанка Минова ја напушти седницата и резултатот од гласањето беше 9:8 во корист на Ристо Сакалиев.

Веднаш по изборот новиот претседател вети дека ќе работел чесно и одговорно во интерес на сите граѓани.

На изборот на Сакалиев за претседател на советот му честита градоначалникот Митко Јанчев кој посака успешна соработка со советот.

Наредната седница на кавадаречкиот совет ќе се одржи во среда./А.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.