Канти за пепел како една мерка против загадувањето во Кавадарци
Канти за пепел се поставени до сите контејнери во Кавадарци, со цел да не се пали отпадот и да не се предизвикува дополнително загадување на градот. Апел за внимателност кога е во прашање фрлањето на отпадот упатува кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Загаденоста на воздухот не може да се реши преку ноќ. За намалување на загаденоста потребно е сите ние да бидеме посовесни и поодговорни. Колку и да се обидуваме ние како локална самоуправа хигиената да ја качиме на повисоко ниво, доколку сите заедно не се однесуваме совесно, целиот напор би бил залуден. Да се обидеме сите заедно да создадеме чисто и убаво Кавадарци. Во Кавадарци е убаво да се живее, ние се стремиме кон тоа да стане уште поубаво, порачува тој.
Локалната самоуправа, се обидува со сите напори и потенцијал да ги реши проблемите со кои се соочуваат кавадарчани.
Исто така и да создаде една општина која ќе биде за пример и општина во која сите ќе се чувствуваат убаво.
– За да успееме во тоа неопходна ни е поддршка. Треба заедно, сплотени во едно, да учествуваме во решавањето на проблемите и со заеднички напори да го зачуваме она што го имаме и да се грижиме за околината, апелира Јанчев.