Новиот совет ја запре постапката за јавно-приватно партнерство за изградба централа на Лукар
Советот одлучи да ја стави вон сила одлуката за започнување на постапка за јавно приватно партнерство за изградба на петата мини хидро централа на водоводот Лукар што ја донесе претходниот состав на советот.
Новиот совет донесе нова одлука со која го задолжи ЈП Комуналец да ја изгради петата централа, а и да изврши реконструкција на постоечките четири мини хидроелектрани. Пред да се започне со реконструкција, Комуналец претходно е потребно да направ консултации со министерството за економија и регулаторната комисија за енергетика.
Одлуката за прекин на постапката за јавно приватно партнерство за изградба на петата централа беше предложена од градоначалникот Митко Јанчев. Дел од советниците во своите дискусии нагласија дека не е во ред општината да влегува во приватно партнерство за изградба на централата, бидејќи влогот на општината и на Комуналец е многу поголем од тој што ќе го имал приватниот партнер, а ќе имал поголем економски бенефит.
На денешната седница советот едногласно донесе и програма за третман на кучињата скитници./A.Д