Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ќе се заловуваат и ќе се третираат бездобните кучиња со кастрација, социјализација и обележување со микрочип. Ова се дел од активностите содржани во програмата за заштита и благосостојба на кучињата скитници што беше усвоена на вчерашната седница на кавадаречкиот совет.

Кучињата скитници се голем проблем во Кавадарци и кавадарчани очекуваат решавање на истиот. Евидентирани се повеќе случаи на граѓани кои се каснати од куче скитник.

Најголем дел од мерките содржани во програмата ќе ги реализира ЈП Комуналец во соработка со регистрирани прифатилишта. Во програмата се предвидува хумана еутаназија на бездомните кучиња во случај на појава на заразна болест.

Контролата на квалитетот и исправноста во извршувањето на обврските на општина Кавадарци,согласно Закон за заштита и благосостојба на животните и годишната програма ќе ја врши инсепкторатот од Агенцијата за храна и ветеринарство, а контрола над спроведувањето на општите мерки пропишани во програмата ќе врши  општината.

За да се реализираат предвидените активности во програмата општината од буџетот ќе издвои 300.000 денари.

Раководителот на секторот за комунално уредување, сообраќај, екологија и заштита на животната средина Драган Симоновиќ на седницата даде образложение на програмата  и нагласи дека општината со бездомните кучиња ќе се справува согласно законските прописи.

„Пренесената надлежност на ЈП Комуналец опфаќа тие да се организираат во делот на заловување на кучињата скитници или тие на тендер да ја дадат дејноста на некоја овлатена институција што ги исполнува законските услови. До сега не сме ја носеле оваа програма. Во првата година ЈП Комуналец најверојтано ќе ја даде оваа дејност на овластено прифатилиште. За тој период додека се даде надлежноста на друга организација,  Комуналец треба да се опреми со простор каде што ќе се стационираат кучињата и ќе се третираат соодветно. Заловените кучиња ќе се чуваат 24 до 48 часа согласно закон и ќе се регулира проблемот, да нема кучиња скитници на територијата на општина Кавадарци“ рече Симоновиќ.

Aнгел Данов

Поврзани вести

 

Најново