Кавадарчани од утре добиваат свои општинари
Проектот кој во предизборната кампања беше приоритет за градоначалникот Митко Јанчев од утре стартува и официјално. Преку овој проект граѓаните ќе имаат полесен пристап до општината, а таа брзо и полесно ќе ги решава проблемите, смета првиот човек на Кавадарци.
Девет лица во службена униформа ќе патролираат секој работен ден во својот определен реон и ќе ги регистрираат проблемите на граѓаните. Нови вработувања нема, проектот ќе се реализира преку веќе вработени лица во општината на кој на располагање им се и три возила, како и таблети за електронско внесување на секој проблем. Истите по реонската обиколка, барањата и проблемите на граѓаните ќе ги доставуваат до надлежната општинска служба од каде следниот чекор е нивно решавање.
Со мој општинар не се укинува отворениот ден на градоначалникот, но се очекува темална анализа за секој проблем потенциран во истиот, информира градоначалникот Митко Јанчев.
Мој општинар како проект се очекува да даде само позитивни резултати. Во истиот зацртани се и казни и награди за општинарите од терен. Ако општинската администрација открие зтајување на истакнати проблеми од граѓаните, за таквата постапка ќе одговара надлежниот општинар за теренот од кој потекнува проблемот, во спротивно за општинарот кој ќе се покаже најдобар во својата работа ќе следува и награда, најави градоначалникот Јанчев. /A.Д