Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Кавадарчани синоќа во чест на празникот „Коледе“ прославуваа во дворот  на домот на културата „Иван Мазов Климе“. Таму по девети пат се одржа фестивалот на шегата, насловен „Дедо цепе бурина“.

Се кажуваа вицови и анегдоти со тематика од секојдневието во Кавадарци, секс и политика, проблемите со грозјето и вечното ривалство меѓу Кавадарци и Неготино.

Годинава не се доделуваа награди за најдобрите шеги, а сите учесници добија дипломи и коледашки.

Директорот на домот на културата, Владимир Темков нагласи дека со ова случување целта е да се внесе позитивна енергија за време на празничните денови./A.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново