Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Жителите на Тиквешијата генерално пијат здрава вода, покажуваат резултатите од годишниот извештај на центарот за јавно здравје за исправноста на водата за пиење од градскиот водовод Лукар.

Биле испитани 538 мостри вода за пиење од кои 361 мостра била со вода од Лукар земени од градската мрежа, стопански организации и села приклучени на водоводот. Резултатите покажале дека сите мостри биле како физичко-хемиски, така и бактериолошки исправни.

„  Од селските локални водоводи земени се вкупно 90 мостри на вода за пиење. Од овие мостри вода 28 се бактериолошки исправни бидејќи истите се земени од селсkи водоводи кај кои се врши хлорирање на водата. Останатите 62 мостри кај кои не се врши дезинфекција на водата покажуваат висока бактериолошка неисправност односно од нив 59 се бактериолошки неисправни или 83,6 %.       Кај останатите 58 мостри земени од други водоводни објекти (природни чешми и бунари), водата покажува висок процент на бактериолошка неисправност од 90,6%“ рече д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

  

  Кај бактериолошките неисправни мостри на вода биле изолирани бактерии индикатори на фекално загадување, најчесто Ешерихија коли и Колиформни бактерии предизвикувачи на цревни заразни заболувања, додека физичко-хемиската неисправност била поради тоа што кај најголем број на локалните водоводи не се врши хлорирање на водата.

    „Ваквата состојба се повторува скоро секоја година, затоа што овие селски водоводи се оставени на Месните заедници кои поради немање на материјални средства, не се врши нивно одржување“ додава д-р Ризов.

            Тој нагласува дека  градот Кавадарци, селата приклучени на градскиот водовод Лукар и села со локален водовод каде се врши хлорирање на водата со вкупно 40 740 жители или 95% од вкупното население во двете општини, редовно се снабдуваат со хигиенски исправна вода за пиење, додека кај 5% или 2 142 жители водоснабдувањето е ризично, преку локални селски водоводи, природни чешми и бунари.

Од Центарот за јавно здравје препорачуваат да се изврши асанација на сите локални селски водоводи и да се спроведе редовно дезинфекција односно хлорирање на водата за да се добие безбедна вода за пиење и кај ова 5% население.


Aнгел Данов

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.