Лозарите најавија протест за во понеделник
Производителите на грозје кои својот род во 2015 година го предале во винаријата „Стефанс“ во Кавадарци, а сеуште не ги добиле парите ќе протестираат.
Од здружението на лозари Кавадарци протестот го најавуваат за во понеделник во периодот од 10 до 12 часот.
„Чекањето ги помина сите граници. Не се издржува повеќе да се молиме за нашите пари. Грозјето им го дадовме, си направија вино, виното го продадоа, а лозарите пари уште немат видено. Протестот веќе го најавивме во полициска станица во Кавадарци.“ велат од лозарското здружение и ги повикуваат сите лозари кои имаат побарување од оваа винарија да се приклучат на протестот во понеделник.
Лозаропроизводителите стравуваат дека и со оваа винарија ќе се повторел счучајот како со Џумајлија кога многу производители сеуште не ги зеле парите.
Освен „Стефанс винари“ долг кон лозарите за минатогодишните реколти имаат уште неколку винарии.
А.Д