Кавадарчанец фатен додека продава дрога
Објавено на 30 јануари, 2018 во 10:33
Дваесет и четири годишниот М.Ј од Кавадарци пред два дена е фатен како продава дрога, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Настанот се случил во попладневните часови на 28 јануари во СОУ „Ѓорче Петров“. М.Ј е затекнат додека продавал наркорична дрога на деветнаесет годишниот М.А исто така од Кавадарци.
„Лицето М.Ј. е приведено во ПС ОН Кавадарци, каде по документирање на настанот ке му биде поднесена соодветна кривична пријава“ информира Додевски./A.Д