Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Студентите на Архитектонскиот факултет со свои проекти ќе даваат нов лик на Кавадарци. Нивните предлози и идеи ќе бидат дел од идното уредување на градот. Денеска градоначалникот Митко Јанчев и деканот на факултетот д-р Огнен Марина потпишаа меморандум за соработка, токму со таа цел, младите со своите проекти да дадат поубав лик на градот.

„ Студентите и целокупниот капацитет на Архитектонскиот факултет ќе бидат вклучени во овој меморандум за соработка за давање студии и идеи за наши потреби. Општина Кавадарци ќе изготви приоритетни проблеми и видувања за развојот на градот и ќе ги прати до факултетот, а од факултетот ќе добиваме помош од факултетот во развојот на градот. Покрај деканот и професорите имаме и 90 студенти, гости,  кои денеска ќе ни презентираат нивна визија и гледање за проблемите во град Кавадарци. Ми се чини дека е вклучен и градскиот плоштад за негово раззеленување и разубавување и вклучување на други содржини. Се надевам на успешна соработка со овој факултет бидејќи нивниот капацитет е немерлив“ рече градоначалникот Јанчев непосредно по потпишувањето на меморандумот.

Проекти на студентите со нивните гледања за развој на градот во делот на екологијата со повеќе зеленило, пешачки и велосипедски патеки беа презентирани во големата сала на општината.

Деканот на факултетот, д-р Огнен Марина го поздрави потпишувањето на меморандумот и нагласи дека целиот капацитет на факултетот ќе биде искористен за проекти кои ќе дадат убав лик на Кавадарци.

„Архитектонски факултет,  од студентите и студентските проекти па се до професорите и стручните и научни студии,  кои можеме да ги изработиме,  демонстрираме капацитет,  не само за справување со предизвиците кои ги имаат градовите во Македонија,  туку и нашата посветеност заедно со локалната заедница да ги споделиме нашите знаења и искуства за да создадеме подобри градови, подобри локални заедници“ рече деканот.

Тој  нагласи дека студентските трудови секогаш се базирани на сериозни анализи и истражувања кои се работат во текот на еден семестар.

„Идејата на студентските трудови,  на вакви конкретни задачи,  е дека тие даваат една широчина на согледувањето на можните сценарија за развој на деловите од градот. Дел од нив секако можат да бидат и реализирани и имаат поголема доза на реалност, другите се малку послободни согледувања, но мислам дека е важно кога се почнува со еден проект да се согледаат сите можности, а потоа граѓаните, градоначалникот,  советот ќе ги развиваат проектите за кои сметаат дека се важни и имаат приоритет“ рече Марина.

Првиот човек на овој факултет со кој ќе соработува Кавадарци потенцира дека студените на Архитектонскиот факултет се извонредни не само како студенти туку и како креативци и автори.

„Ние инсистираме и тоа е и политиката на овој деканат,  нивните искуства во решавањето на проблемите и предизвиците мора да бидат во соработка со локалната заедница. Улогата на архитектите, урбанистите и планерите   секогаш,  не е само архитектонска, не е само уметничка,  туку таа е и општествено одговорна“, рече д-р Огнен Марина.

Тој го потенцира фактот дека Кавадарци секогаш бил во фокусот на архитектите и планерите и дека пред неколку децении професор од факултетот ги подготвувал урбанистичките планови на Кавадарци.

„Се разбира дел од оние точки, објекти кои се автентични во градот и кои се дел од идентитетот на градот, да ја спомнам спомен костурницата, паркот, центарот на градот, па дури би рекол и зградата на општината се предизвик и би рекол една од ретките средини каде можеме да се почувствуваме градски . Врз основа на сето тоа искуство на тој историјат на градот ние можеме да размислуваме и за иднината“ рече деканот на Архитектонскиот факултет.

Aнгел Данов

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново