Транспортерите во понеделник ќе го блокираат регионалниот пат Кавадарци – мотел „Дреново“
Објавено на 16 февруари, 2018 во 15:24
Поради протест што го организираат транспортерите кои имаат побарувања од кавадаречкиот комбинат за производство на фероникел „Фени индустри“ во стечај во понеделник, на 19 февруари, ќе биде блокирана една коловозна лента на регионалниот пат од Кавадарци кон мотел „Дреново“.
Блокадата и протестот на транспортерите ќе се случува во времетраење од два часа поточно од 10.00 – 12.00 часот./У.Ј