Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

За прв пат по 70 години откако е изградена, целосно ќе се реновира зградата на Здружението на пензионери во Кавадарци. Ќе се замени покривната конструкција, ќе се реновираат просториите на здружението, клубот на пензионери, а ќе се постави и термо фасада на целиот објект.

Реконструкцијата е подржана и со пари од буџетот на општина Кавадарци. Општината ќе издвои 25% од потребната сума.

„Проектот ќе го реализираме со поддршка на Хабитат и општината. Објектот во кој најголемиот дел станбен простор го поседува здружението на пензионери ќе добие сосема нов лик. Деновиве стартуваа работите за внатрешна реконструкција и реновирање на просториите Ќе се менуваат старите со нови пвц прозори, а во следната фаза ќе се замени покривот“ рече претседателот на здружението, Ристо Анѓушев.

Тој најави дека ќе се реновира и клубот на пензионери кој е сместен во приземјето од зградата.

„Ова катче во кое најголемиот дел од денот, припадниците на третата доба го поминуваат во играње карти, домино и табла ќе добие нов лик но ќе се обезбеди и повеќе простор“ додаде Анѓушев.

Во активностите за реконструкција на зградата ќе се вклучат и студенти од Факултетот за архитектура во Скопје, кои ќе бидат задолжени за подготовка на техничката документација./A.Д

Поврзани вести

 

Најново