Грипот и понатаму се шири меѓу кавадарчани
Вирусот на грип се шири во градот. Изминатата недела во Центарот за јавно здравје во Кавадарци регистрирани се 369 нови заболени. Лекарите велат дека и во наредните недели ќе се бележи зголемен број на болни.
„Со последните 369 заболени од грип во изминатата седмица досега сезонава има вкупно 933 заболени граѓани од грип. Најголемиот број поточно 866 случаи се регистрирани само во февруари, што покажува дека овој месец е шпицот на ширење на ова вирусно заболување. Лани во февруари имавме само 71 болен, додека близу 4000 болни имавме за цела сезона. Најголемиот удар на грип минатата сезона беше во месеците декември и јануари“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
Тој додаде дека најпогодени и понатаму од грипот се лицата на возраст од 15 до 64 години./A.Д