Неправилно изграден оџак причина за пожар во поткровје
Навременото пријавување и брзата интервенција на кавадаречките пожарникари синоќа спречија пожар кој можел да направи поголема материјална штета.
Според информациите од против пожарната единица во Кавадарци, сопственикот на опожарениот објект веднаш пријавил во полиција, откако неговите соседи забележале чад од под кровјето.
„Пожарот го зафатил под кровјето. Она што можевме да го видиме на опожарениот објект пожарот е настанат поради неправилно изведен оџак.Четири греди од покривната конструкција биле навлезени во оџакот, кој најверојатно е запален бидејќи бил неисчистен“ рече командирот на ТППЕ Кавадарци, Илчо Богевски.
Тој апелира до сите граѓани да бидат внимателни до крајот на сезоната, посебно да се внимава при изведување на покривите дали минуваат дрвени греди во непосредна близина на оџакот, како би се превенирале пожари од поголеми размери.
А.Д