Здравствените работници во Кавадарци го одбележаа светскиот ден на здравјето
Под мотото „Здравје за сите, здравје насекаде“ здравствените работници го одбележаа денот на здравјето, 7 ми април.
Во ЈЗУ Општа болница Кавадарци се одржа свечена седница на која директорот на болницата, д-р Диме Коцев ги информираше присутните за се што е досега реализирано и за проектите кои ќе се работат во следниот период.
Директорот беше дециден, сите активности се насочени граѓаните од регионот да добијат квалитетна здравствена услуга во кавадаречката болница како регионален центар.
„Во изминатите седум месеци за прва пат во нашата болница беше поставена сондата за ЕХО на срце,досега се прегледеани 189 пациенти,во ортопедската амбуланта е воведен ехо преглед за првпат на колкови кај новороденчиња ,прегледани се 167.На интерно одделение формиравме ендоскопска амбулантаза испитување на горен и долен дигестивен тракт односно ,гастроскопија и колоноскопија.Колоноскпоијата карактеристично е што не застапена на пример во Прилеп,Гевгелија,Струмица,Велес.Досега се направени 76 колоноскопии. За изгубената доверба на пациентите да ја вратиме е ангажирање на специјалист гинеколог клиниката за гинекологија Скопје,кој е континуирано присутен во болницата и со тоа секое раѓање е под стручен надзор. Ефектите од оваа мерка во изминатите 5 месеци во споредба со истиот период лани е зголемен број на породувања за 10 %,зголемен број на прегледи за 20 %и 30 % зголемен број на оперативни третмани. За подобрувањње на здравствената заштита на граѓаните од регионот набавено е комплетно ново целосно опремено санитетско возило за брз и сигурен транспорт до сите медицински установи во земјава“ рече д-р Коцев.
Директорот најави дека се планира набавка на апарат за компјутерска томографија, апарат за анестезијаизградба и опремување на втрора хируршка сала, ставање во употреба на нов ургентен центар во болницата.
Беше нагласена потребата од дополнителен стручен кадар и искажа оптимизам дека истиот ќе биде обезбеден со подршка на владата и министерството за здравство.
Здравствените работници со своето присуство ги удостои заменик министерот д-р Гоце Чакаровски кој се осврна на реформите во здравството со цел подигање на нивото на здравствена услуга за граѓаните. Заменик министерот најави и покачување на платите на здравствените работници за 5 отсто со септемвриската плата.
„Намалени се максималните цени на вкупно 336 генерички и 222 иновативни лекови. Намалувањето на максималните цени, нагласи, доведува до намалување и на големопродажните и малопродажните цени на лековите, кои важат од први, овој месец. Најмалку еднаш годишно ќе ја прошируваме позитивната листа на лекови со нови генерации на лекови. Овозможивме ослободување од плаќање здравствена партиципација за децата од семејства-корисници на социјална парична помош при користење здравствени услуги до 18 години возраст. Активно работиме на измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита и Законот за здравствено осигурување, во насока на унапредување на пристапот на сите граѓани до поквалитетни здравствени услуги. Работиме на измени на законот за прекин на бременоста, кој во оваа форма го ограничува правото на избор на жените, како и измени и дополнувања на Законот за лекови во делот на паралелен увоз, со цел зајакнување на контролата на увозот на лековите и обезбедување поквалитетни лекови, рече заменик министерот.
На свечените седници во општата болница и здравствен дом беа доделени и јубилејни награди на вработени за 20 години континуирана работа, а беа најавени и идните пензионирања.
Ангел Данов