(ФОТО) Претседателот Иванов веста за Христовото Воскресение ја дочека во Кавадарци
Објавено на 8 април, 2018 во 09:51
Меѓу големиот број верници кои синоќа дојдоа во храмот Света Петка во Кавадарци да ја слушнат радосната вест за Христовото Воскресение беа и претседателот на државата Ѓорге Иванов и градоначалникот Митко Јанчев со своите семејства.
По опходот на црквата, како што налага традицијта, верниците радоста за Воскресението ја делеа со кршење на велигденски јајца. Ваквата традиција беше испочитувана и од семејствата на претседателот и градоначалникот. /А.Д