Кавадарчани со покачен притисок и шеќер
По повод интернационалниот ден на медицинските сестри, техничари и акушерки, 12 мај, денеска се реализира акција за мерење крвен притисок и шеќер во крвта. Интересот кај кавадарчани да си ги проверат основните параметри од својата здравствена состојба беше голем.
Резултатите кои се добиваа од денешната акција не беа баш најдоби. Најголемиот број од граѓаните кои направија проверка имаа висок крвен притисок и покачено ниво на шеќер во крвта.
Претседателката на здружението на медицински сестри, техничари и акушерки во Кавадарци, Нада Андрева рече дека во нивното здружение во Кавадарци членуваат 80 медицински сестри и упати честитка до сите кои се занимаваат со оваа благородна професија, a апелираше до граѓаните да внимаваат на исхраната.
Од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки укажаа дека во речиси сите здравствени установи во земјава бројот на медицински сестри значително се намалува од различни причини, како пензионирање, заминување во странство и преквалификации. Тие од здравствените власти побараа поголемо валоризирање на нивниот труд, повисоки плати, можност за напредок во кариерата и подобрување на условите за работа./А.Д