Лозарите од Тиквешијата стравуваат за годинешниот квалитет и количини на родот
Интензивните врнежи од дожд во Тиквешијата внесоа страв кај лозарите за количините и квалитетот на годинешната реколта на винското и на трпезното грозје. Во вакви временски услови лозарите мора да регираат навреме и да ја заштитат виновата лоза,советуваат агроекспертите. Професор Ристо Вучков вели дека сега лозите се во особено чувствителна фаза и постојат сериозни услови за развој на болести.
– Лозата е чувствителна,ресите се исфрлени,дел од родот се гледа,кај кардиналот и смедеревката има веќе почеток на цветање,а тој дожд и тие температури го заокружија потполно условот за можна примарна зараза.Тие денови кога имавме 31 степен,при такво спарно време буквално пламеницата добива крила,брзо се шири,имавме блага зима сите зимски форми преживеаја. Лозарите се изненадени од временските амплитуди во текот на едно деноноќие кога по невообичаено високата дневна температура,настапува облачност пропратена со обилни врнежи и променлива клима. Промената на температурата и влагата, наизменично топло време и дожд, се и основната причина за појава на болеста пламеница на виновата лоза,каде габата го напаѓа листот и гроздот,смета Вучков.
– Ако сега веќе ние немаме контрола,сега гроздовиот молец,бидејќи има ран лет и неколку максимуми,тука треба умешноста на стручњакот да дојде до израз,во кој период,со кој инсектицид со одредено дејствување да се прекине со успешна ефикасност за првата генерација од гроздовиот молец.Ако тука сме успешни а тоа може да се вид во правиот момент и контролата на гроздовите зашто тие сега многу лесно се забележуваат,посочи професор др.Вучков.
Во услови на силен напад на пламеница и појава на пепелница, доаѓа до намалување на родот на лозјата, кој зависи од многу фактори,констатираат земјоделските експерти.
Виновата лоза заедно со доматот и пченицата се трите земјоделски култури на кои најмногу им се заканува опасност од уништување како последица на климатските промени. Прогнозата за другите земјоделски култури е дека најголеми ризици се појава на нови болести и штетници во наредните две-три децении./А.Д