Кавадарци го доби првиот подземен контејнер
Исто како во градовите од развиените земји и Кавадарци од денеска има подземен контејнер. Ваквиот систем на собирање на сметот има многу предности, велат од општината.
„„Метал Апостолов“ фирмата е донатор на првиот подземен контејнер за смет во општината. Контејнерот со зафатнина од 3м3 е поставен на југо-источната страна од градскиот плоштад, на ќошто од улицата „Благој Крстиќ“. Подземниот контејнер има три комори. По една посебно за смет од домаќинствата, како и за собирање на отпад за рециклирање, стакло и пластика.Овој систем на прибирање на смет во развиоените земји е широко распространет и покажува повеќе предности, пред се од екологијата“ велат од прес службата на општина Кавадарци
Во наредниот период, општината контејнерот пробно ќе го предаде во употреба на граѓаните, а позитивните искуства и резултати ќе влијаат на понатамошното градење на вакви контејнери за смет во градот./А.Д