Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

 DSC0222

Шеснаесет нови сијалични места и пет рефлектори се вградија во ревитализираното јавно осветлување на платото пред спомен костурницата во градскиот парк.

Општината во рамките на проектот за редовно одржување целосно ги замени старите светилки на единаест канделабри на партерот околу костурницата како и на петте заеднички столбови кои се носачи на светилки и на рефлектори.

Целосна замена е извршена и на на старите искршени и дотраени амбиентални рефлектори кои ја осветлуваат костурницата. Просторот на платото отсега ќе биде осветлен со ЛЕД светилки и рефлектори од новата генерација, со што спомен костурницата во ноќните ќасови ќе биде достапна за посетителите.

 

Работите беа дел од обемниот проект на општина Кавадарци за реконструкција на јавното осветлување во паркот, каде специјализирана екипа работи на замена на комплетите светилки, оштетените кабли од нисконапонската мрежа во канделабрите и од подземната инсталација од јавното улично осветлување во градскиот парк - информираат од прес службата на општина Кавадарци./А.Д

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.