Кавадарци со 2,5 милиони евра ќе ги подобрува водоснабдувањето и атмосферската канализација
Со проект на КФВ банката Кавадарци ќе го подобрува водоснабдувањето и атмосферската канализација. Тоа беше главната тема на денешната средба меѓу градоначалникот Митко Јанчев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.
За овие намени ќе се потрошат 2,5 милиони евра, пари кои Кавадарци ги доби од банката. На наредната седница на влада, беше најавено дека се очекува да помине одлуката и потоа да следи склучување договор за искористување на тие средства.
„Го информирав за проектите кои преку Владата треба да се спроведат во овој период, тој ми кажа за проектите кои ги работи локалната самоуправа. Една од темите беше делот на патната инфраструктура, станува збор за проектите околу Кавадарци, патот Градско-Прилеп каде две делници се работат. Тука е и патот Кавадарци-Росоман во должина од 8 километри, тендерот е во тек и очекуваме да отпочне од август септември дел, транзитниот дел околу Кавадарци,“ рече Сугаревски информира дека се разговарало и за гасификацијата на Кавадарци.
„Очекуваме за кракот од Неготино кој се движи преку Кавадарци и оди се до Битола да се интензивираат активностите. Очекуваме сите проекти да бидат реализирани согласно роковите. Владата останува сериозен партнер на општините и стоиме на располагање комплетно во делот на сите проекти кои ќе треба да бидат реализирани, рече министерот.
Градоначалникот информира дека до крајот на оваа година се очекува да се заврши Западен булевар со должина од 1200 метри, со 4 ленти, комплетно осветлен со атмосферска каналзиација и водоводна мрежа, инвестиција од 60 милиони денари која се реализира со Агенцијата за патишта и Министерството.
„Се очекува и Северниот булевар кој го имаме од улица “Шишка” до бензинската пумпа да го реконструираме комплетно, тука одиме заедно со Светска банка преку Министерството и дел преку Вардарски плански регион. Така да овие два влеза на Кавадарци ќе бидат комплетно решени и ќе има подобар пристап и за луѓето и за фирмите кои транзитираат на овој дел рече Јанчев.
Тој нагласи дека локалната самоуправа ќе работи и на проект за патниот правец до Дисан, но и за обиколницата од пред село Марена преку Дрекслмаер и Југокомерц. /A.Д