Почна бербата на раните трпезни сорти на грозје
Објавено на 5 јули, 2018 во 12:41
Лозарите во Тиквешијата ја стартуваа бербата на најраните сорти на трпезно грозје. Во моментов се берат сортите „ранка“ и „прима“, а за само некој ден ќе започне и бербата на „кардинал“ и „кармен“.
„Се работи на утврдување на количините на грозје произведени оваа реколта, а се преговара околу цените за винското гозје“ рече претседателот на здружението на лозари „Напредни лозари“, Трајче Кулев.
Цената за килограм бела ранка е 30 денари. Лозарите сепак не ги задоволува оваа цена и коментираат дека уште од страт се соочуваат со ниски цени./A.Д