Мртва жена пронајдена во Тиквешко езеро, неготинец загинал од струен удар
Објавено на 30 јули, 2018 во 20:38
Мртва жена била пронајдена во водите на Тиквешко Езеро, потврди портпарлот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Според првичните информации, мртвото тело било пронајдено во месноста Голеш. Додевски рече дека увидот на лице место трае и најави повеќе детали утре.
Денеска трагичен настан е регистриран и во Неготино. Таму неготинец загинал од струен удар.
Како што информира портаролот на СВР Велес, несреќниот случај настанал кај трансформатор во неготинско. Засега нема повеќе детали за околностите во кои се случила оваа несреќа./А.Д