Палмер и Бејли остварија средба со Градоначалникот Јанчев
Објавено на 2 август, 2018 во 14:55
Метју Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија и амбасадорот Џес Бејли денеска остварија средба со Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, информираа од прес службата на општината.
На средбата се разговарало за актуелните политички теми и за развојот на Општина Кавадарци.
Ова е втора посета на амбасадорот на САД Џес Бејли на општина Кавадарци, во изминатите неколку месеци, а прва посета на Метју Палмер, политичар од највисок ранг што ја посетил кавадаречката локална самоуправа. /У.Ј