Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

fdgfdsh

Дваесет и пет годишниот Ј.М вчера бил прободен со нож во пределот на стомакот. Од полицијата информираат дека поради сериозноста на повредите, момчето било пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Во полиција пријавиле од Итна медицинска помош Кавадарци дека на улицата „Тиквешко Востание“ било земено лицето Ј.М. со убодни рани од остар предмет.

Повредениот бил пренесен во Јавната здравствена установа Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиниките во Скопје.

Повредите му ги нанел неговиот сограѓанин, триесет и осум годишниот  Г.С.

Напаѓачот бил приведен во Полициската станица Кавадарци и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – велат од полицијата./А.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново