Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ceca grozdober

 

Балканската мега ѕвезда Цеца Ражњатовиќ ќе биде главна ѕвезда на годинашново издание на манифестацијата Тиквешки гроздобер. Организаторот, општина Кавадарци денеска ја објави официјалната програма. Манифестацијата која годинава ќе се реализира под мотото „Приказна под отоврено небо“ изобилува со многу содржини, некои и за прв пат се дел од гроздоберот.

Тиквешкиот гроздобер започнува на седми септември. Во 10 часот ќе биде отворен меморијалниот турнир „сестри Китеви“, по што ќе следува промоција на збирка од вински мисли „Буке“ од Душан Стефанов.

Предвидено е натпреварување во подготовка на коктели од вино и трка на келнери. Ќе има презентации и дегустации на вина, староградска музика и скара.

На првиот ден од гроздоберот, кога е и ослободувањето на Кавадарци, по свечената седница настап на градскиот плоштад ќе имаат SAF Sound system(DJ Гоце &Пикисипи) и  DJ George , по што ќе следи настапот на  СЛАТКАРИСТИКА и КРИСКО.

Вториот ден од манифестацијата ќе започне со изложба на олд тајмери, стит баскет, цртање на графити. Потоа е предвидено мото рели на улица Илинденска, ќе се одржи традиционалната таблијада, а ќе продефилираат низ центарот велосипедисти.

Целовечерен концерт ќе одржат фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, „Љубојна“, „Некс тајм“ и оркестарот на Џамбо Агушев.

Недела е последниот трет ден од приказната под отворено небо. Ќе започне со детска програма на градскиот плоштад. Ќе има откинување на прв грозд, по што на пладне ќе започне големото карневалско дефиле.

Гроздоберот ќе заврши со концерт на мега турбо фолк ѕвездата Цеца./A.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.