Во Кавадарци се реконструираат и градат нови тротоари
На повеќе локации во Кавадарци се работи на изградба на нови и реконструкција на посточеки тротоари. Интензивно се реализираат позиции од програмата за комунално уредување, велат од прес службата на општината.
Реконструкција се врши на тротоарот на улицата „Партизанска“ кај паркот „Полана“. Се изведуваат земјените работи за расчистување и отстранување на оштетениот дел на стариот тротоар.
Според проектот на нивно место општината треба да изгради нов тротоар од павер елементи на површина од 480 м2. За оваа намена општината изввојува 590.000 денари. Парите се обезбедени согласно програмата од буџетот за комунална изградба.
Паралелно со поплочувањето во селата, општината реализира проекти од комуналната изградба и во Урбаните заедници во градот.
Се гради тротоар и на дел од булеварот „Моша Пијаде“, делницата на тротоарот од спојот со булеварот „Цветан Димов“ до спојот со „Западен булевар“ (нов кружен тек) кај ООУ „Гоце Делчев“.
За поставување на павер елементи на површина од 400м2 општината инвестира 630.000 денари обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.
Општина Кавадарци во рамките на реализацијата на програмата за комунална изградба работи и на обнововуање на постојните и изградба на нови тротоари.
Деновиве се гради дел од тротоарот на улицата „Западен булевар“.
Се работи за делница со површина од 760 квадратни метри, на потегот од спојот со улицата „Вишешница“ до влезот во паркингот на спортската сала „Јасмин“.
На овој дел се поставуваат бехатон коцки, а за изградба на овој тротоар општината инвестира 978.000 денари. Парите се обезбедени од општинскиот буџет, сметка за комунална изградба – информираат од прес службата на општина Кавадарци, велат од општинската прес служба./А.Д