Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

20180910 792ff1585af331442b919bf216de3a2fСо спектакуларен пет минутен огномет синоќа финишираше програмата од стопанско-туристичката и културна манифестација Тиквешки гроздобер. Според организаторот концертот на мега ѕвездата Светлана- Цеца Ражњатовиќ го проследија над 50 илјади граѓани.

Цеца направи кулминација на сите музички случувања. Кавадарчани но и гостите кои дојдоа од земјава и странство со неа ги пееја понзтите хитови. Плоштадот како никогаш досега беше преполнет. Преполни беа сите официјални штандови на винариите и кафетериите. Таму се пиеше исклучиво вино. На овој гроздобер место повеќе се бараше и во сите угостителски објекти.

Организаторот успеа да обезбеди паркинг простор за сите автомобили кои влегоа во Кавадарци за гроздоберот. Волонтерите кои ги распоредуваа возилата беа на висина на задачата. Се наплаќаше по 50 денари за паркирање.

 

Во саботата исто така со голем интерес беа проследени музичките концерти на Некс тајм, Љубојна и Агушеви.

За младите гроздоберска забава имаше и на спомен костурницата. Настапите на неколку познати ди-џеи исто така беа проследени со воодушевување од младите.

Иако на првиот ден од гроздоберот, во петокот во ноќните часови паѓаше силен дожд публиката се забавуваше со Криско и Слаткаристика. Младите нивни фанови не ги спречи дождот да покажат дека се желни за забава.

Во рамки на гроздоберот не изостанаа и спортски активности. Се играше кошарка, ракомет. Исто така се исцртуваа и графити.

Се на се Кавадарци се покажа како одличен организатор и домаќин на годинашното издание на Тиквешки гроздобер.

Ангел Данов

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.