Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

35369048 449194815523487 497521439541297152 n

Со одлука на Владата од денеска кавадаречката болница и здравствен дом функционираат како еден правен субјект со назив ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци.

Новиот правен субјект веќе е регистриран и во централен регистер и ќе функционира како поранешниот медицински центар.

Целта на ваквото здружување е пациентите да добијат квалитетна медицинска услуга – објаснува в.д директорот на  новиот здравствен субјект д-р Диме Коцев.

Брза помош, лабораторија, превентивна детска стоматологија останува да функционираат исто како и досега. Пациентите нема да осетат никаква промена освен што ќе добијат поквалитетна медицинска услуга.

„Со оваа формално правна промена се врши рационализација на трошоците, кадровска екипираност, повеќе медицинска опрема, а се со цел да се зголеми нивото на здравствена заштита и медицината да се приближи до граѓаните. Сите вработени остануваат на работа“ објаснува директорот.

Се очекува оваа промена да донесе и позитивни ефекти во работењето на јавното здравство во Кавадарци како регионален медицински центар./A.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.