Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

most vatasa1

 

Во селото Ваташа интензивно се работи на изградба на нов мост и проширување на патот пред и после мостот. Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци, констатираа денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев по увидот на градежните работи.

„Овој проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и го реализираме на нивно барање. Како што забележавме, градежните работи се одвиваат добро и очекуваме новиот мост да биде завршен во предвидениот рок. Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Во делот на изградбата и реконструкцијата на патната мрежа, сакам да споменам дека набрзо ќе започне да се реконструира регионалниот пат Кавадарци – Росоман, информираше Сугарески.

     Исто така во тек е изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, а до ноември оваа година се очекува да биде завршена рехабилитацијата на автопатска делница Неготино – Демир Капија. Сето ова е, како што нагласи, дел од најавениот голем инвестициски циклус во патната инфраструктура.    

     Во моментов низ целата територија на Република Македонија се работи на реализација на проекти во висина од преку 800 милиони евра, што е историски највисока инвестициска програма за подобрување на квалитетот на патната мрежа во државата.  Ова претставува доказ дека сме максимално посветени на изградба на квалитетна патна инфраструктура, со која од една страна ќе придонесеме за брз и безбеден транспорт на стоки и патници, а од друга страна ќе стимулираме пораст на БДП и ќе создадеме услови за економски раст на земјата, соопшти министерот.

 Директорот на ЈП државни патишта посочи дека постоечкиот мост во Ваташа  е доста оштетен и опасен за понатамошна употреба, а и патот до мостот и после него е со незгодна кривина каде се случени повеќе сообраќајни незгоди.

„Се посветивме и на општина Кавадарци и го решаваме овој проблем. Новиот мост треба да биде завршен во февруари месец. Ќе се санира и речното корито во должина од околу 180 метри, како  и пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде и променет. Ќе има модерен пат и мост и поголема безбедност, рече  Китанов.

 Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев го потенцира значењето на овој проект како за Ваташа така и за општината  и нагласи дека за многу брзо време со реализација на повеќе инфраструктурни проекти ќе се измени ликот на Кавадарци. Јанчев најави дека наскоро ќе се уредува и коритото на реката Луда Мара од мостот кој сега се гради до зградите „Силекс“ во Ваташа.

А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

 ССС
 Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 05/11/2018 година.